Услови за користење
Последно ажурирано: јуни 2026
Прифаќање на условите
Добредојде на „Крстозбор“ (krstozbor.mk), услуга што ја обезбедува ИДЕОЛОГИКС МЕДИА ДООЕЛ (во понатамошниот текст „Издавачот“). Со пристапување или користење на страницата се согласуваш да бидеш обврзан/а со овие Услови за користење. Ако не се согласуваш, ве молиме не ја користи страницата.
Кориснички сметки
За да го зачуваш напредокот и сесиите потребна е сметка (име, е-пошта и лозинка). Ти си одговорен/на за тајноста на твојата лозинка и за активностите извршени преку твојата сметка. Играњето е можно и без сметка, но во тој случај напредокот се чува само локално на твојот уред.
Содржина и сопственост
Сите крстозбори, прашања, како и името и брендот „Крстозбор“, се сопственост на Издавачот и се заштитени. Корисниците не објавуваат и не споделуваат сопствена содржина на платформата.
Дозволена употреба
Услугата е наменета за лична, некомерцијална забава. Забрането е особено:
- автоматско преземање (scraping) или масовно копирање на крстозборите;
- попречување или преоптоварување на работата на услугата;
- обиди за неовластен пристап до системот или туѓи сметки;
- препродажба или јавно реемитување на содржината без дозвола.
Достапност и одрекување од одговорност
Услугата се обезбедува „каква што е“. Се трудиме секојдневно да обезбедуваме нови крстозбори, но не гарантираме непрекината достапност ниту отсуство на грешки.
Прекин на пристап
Издавачот може да го ограничи или прекине пристапот до услугата при кршење на овие Услови.
Промени на условите
Овие Услови може да се изменат. Продолженото користење на страницата по промените значи дека ги прифаќаш.
Контакт
ИДЕОЛОГИКС МЕДИА ДООЕЛ · [email protected]