Политика за приватност
Последно ажурирано: јуни 2026
Оваа Политика за приватност објаснува како „Крстозбор“ (krstozbor.mk), управуван од ИДЕОЛОГИКС МЕДИА ДООЕЛ (во понатамошниот текст „Издавачот“), ги собира и обработува вашите лични податоци. Со користење на страницата се согласувате со оваа политика.
Кои податоци ги собираме
При регистрација собираме име, е-пошта и лозинка (лозинката се чува во шифриран облик и никогаш не е видлива за нас). Додека играш, твоите внесени букви и завршени крстозбори (сесии) се поврзуваат со твојот профил за да можеш да продолжиш подоцна или од друг уред.
Како ги користиме податоците
Податоците ги користиме само за да овозможиме најава, играње и зачувување на напредокот, како и за основна статистика и подобрување на услугата. Не испраќаме рекламни пораки и не бараме потврда на е-поштата.
Колачиња
Чуваме мал токен за најава (за да останеш најавен/а) и твојата желба за изгледот на страницата (светла или темна тема). Не користиме рекламни или следечки колачиња од трети страни.
Споделување со трети страни
Не ги продаваме и не ги отстапуваме твоите лични податоци на трети страни, освен кога тоа е изречно побарано со закон.
Чување и безбедност
Податоците се чуваат на безбедни сервери, а лозинките се хеширани. Преземаме разумни технички и организациски мерки за нивна заштита.
Малолетници
Услугата не е наменета за деца под 13 години и не собираме свесно нивни лични податоци.
Твоите права
Имаш право на пристап, исправка и бришење на твојот профил и поврзаните податоци. За да поднесеш барање, контактирај нѐ на адресата подолу.
Промени на политиката
Оваа политика може повремено да се ажурира. Сите промени се објавуваат на оваа страница.
Контакт
ИДЕОЛОГИКС МЕДИА ДООЕЛ · [email protected]